Странци се повеќе се качуваат на Големо Езеро

0
1621

Забраната за движење во шумите која што ја издаде Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го намали бројот на битолчани кои што секоја година прибежиште од жештините бараат на падините на Баба Планина, вака велат од Планинарскиот дом Големо Езеро

golemo ezero 2

– Во однос на посетеноста , забраната за движење на планина си има свој ефект. Мислам дека граѓаните треба да бидат повеќе информирани. Луѓето можат да добијат дозвола за движење без никаков проблем на соодветните места каде што Националниот Парк дава дозвола, како на рампите, во инфо центарот и во канцелариите на НП Пелистер, изјави Петар Нолев, домар во Планинарски дом Големо Езеро

Моментално домот е отворен секој викенд а и за време на празници, но како што велат од домот на барање од граѓани, работел и во текот на неделата. Што се однесува пак до странските туристи, и оваа година очекуваат да има посетеност, но апелираат до туристичките агенции да ја зголемат понудата за Пелистер

turisti

-Сега почнува сезоната така што ќе видиме како ќе биде летово. Мислам дека дека секоја годинина Домот е посетен од странски туристи, така што скоро сите се интересираат за убавините на Националниот парк. Туристичките агенции од државава си организираат посети со туроператори и мислам дека Пелистер малку е застапен на нивната понуда. Но ние се трудиме секоја година да има повеќе туристи од странство, изјави Петар Нолев

Од Планинарскиот дом со апел до граѓаните за поголема внимателност

golemo ezero 3

– Да внимаваат каде се движат, да носат соодветна облека за да не дојде до несакани последици, додаде Нолев

golemo ezero 22.Still005

Инаку ограничување на движењето кое што го воведе министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе трае до 15 ти август од 7.00 часот наутро до 17.00 часот попладне, и доклолку лицата ја немаат соодветната дозвола од Јавните претпријатија за стопанисување со државните шуми “Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја ќе се платат казна од 1.500 до 2.000 евра