Странците чести туристи на Пелистер

0
816

Љубителите на планината знаат, таму нема туристичка сезона. Зиме или лете, подеднакво може да се ужива во неа. Единствената разлика е што во летниот период во Битола и во Македонија доаѓаат поголем број странски гости и иселеници кои сакаат да ги видат природните планински убавини.

-Не може на Пелистер да стане збор за масовен туризам. Но Инфо-центарот редовно е посетен од странски туристи, но и од иселениците. Во однос на претходната година бројката е слична, имаме 10.000 посетители во Инфо-центарот од кои околу 2000 се странски, изјави Пеце Цветановски, НП Пелистер.CVETANOVSKI

Од 22 јули до 5 август беше ограничено движење за сите лица во шумите и шумските појаси, но ова ограничување не важеше за организирана тура на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови во Македонија.

-Додека траеше забраната бевме добро организирани, на одредени места издававме дозволи за туристи кои дошле да прошетаат, а да не ги извисиме, рече Цветановски.

Забраната се воведува како превенција од пожари.