Странците во Македонија се доселуваат за брак и школување

0
1341

Најчеста причина поради која странците се доселуваат во Македонија е склучување на брак кај жените, додека кај мажите е школување.

Најмногу доселени странци има од Турција, чиј број изнесува 1.355, па потоа од Албанија 514 лица, од Србија 508, а од Косово се доселиле 490 лица. Од другите континенти најмногу лица во Македонија се доселиле од Азија (191), од Америка (121) и од Африка (50). Странски државјани се доселуваат во земјава главно заради склучување бракови, вработување и образование.

Во однос на големиот број жени од странство што доаѓаат да склучат бракови, а што може да се забележи од податоците на ДЗС повеќебројни се жените од Турција, Косово, Албанија, Србија, но имајќи во предвид дека врските на нашата земја со овие држави не се прекинати.

Меѓу доселениците доминираат странски државјани што се на привремен или на продолжен престој во земјава, а помал е бројот македонски државјани што лани се вратиле во земјава, откако претходно престојувале во други држави.

Според статистичкиот преглед за отселени и доселени лица во Република Македонија во минатата година, вкупно 4.460 странски државјани се доселиле во нашата држава, од кои со привремен престој се 2.481 лице, а со продолжен престој 1.979 лица.

Без коментари