Страшен нокаут на Стефановски

Страшен нокаут на Стефановски

0 1844

Даниел Стефановски е борец во дисциплината К1, кој се покажа во одлично издание и на натпреварот во Букурешт каде што имаше голема победа против Романецот Алекс Филип. Иако се соочи со противник кој е десет години повозрасен од него, подготвеноста на Даниел беше клучна, па тој успеа да се избори за победа.

Стефановски го нокаутираше Филип после само неколку секунди во 3. рунда, а тоа донесе голема победа за него која му ги отвора вратите за уште посилни натпревари.

Коментарите се затворени.