Страшна експлозија го затресе кинескиот град Тианџин, не се знае бројот на повредени

0
234

Многу силна експлозија го погодила кинескиот град Тианџин. Засега не се знае што експлодирало, но се тресело се дури и на оддалеченост од 10 километри од местото на експлозијата. До експлозијата дошло околу 23.30 по локално време.

Според првичните информации можно е да дошло до експлозија на плин или  нешто експлодирало во локалната фабрика полна со различни хемикалии.

Би-би-си пишува дека судејќи според фотографиите и сникмите објавени на социјалните мрежи, можно е да има многу повредени. Иако Мирор прво објавил дека е можно да има 1.000 повредени, сега пишува како најмалку 50 се повредени, додека други медиуми наведуваат дека се повредени стотина, пренесува хрватски Индекс.