Страшно невреме во Германија

0
2377

Едно лице загина, а две се сметаат за исчезнато во силното невреме кое вчера ја зафати Германија. Невремето најмногу ја погоди германската покраина Баден – Виртемберг во која поплавите предизвикаа и значителна материјална штета. Снимката од местото Хал во споменатата покраина прикажува калива поплавакоја се движи со голема брзина и носи се пред себе.

Поплавата која уништи многу возила, предизвика и значителна материјална штета која допрва треба да се утврди.