Стратфор: Бидете подготвени за војна

0
591

Во секој век се случува „системска војна“ и 21 нема да биде исклучок, тврди за Бизнис инсајдер основачот на аналитичката компанија Стратфор Џорџ Фридман. Тој предвидува дека вакви војни ќе се разгорат на истокот на Европа и на Блискиот Исток. Вакво сценарио (Сирија, источна Украина) може да се види често – нелегитимни групи со поддршка од друга држава се борат против легитимната власт на земјата. Сепак, за да видиме пример на копнена војна меѓу две држави трева да се вратиме во 2003 година: инвазијата на САД во Ирак, пишува Бизнис инсајдер.

Двете светски војни се докази за нестабилноста на меѓународниот систем кој одобруваше водење воени акции за решавање на меѓудржавните конфликти во својство на законска мерка на надворешната политика, а не како крајно средство. По завршувањето на Втората светска војна политичките и правните системи на повеќето држави се градени врз идејата за спречување војна, но дали ситуацијата на лице место може тоа да го промени?

На ова прашање на Бизнис инсајдер одговори основачот на компанијата за стретегиски анализи Стратфот, Џорџ Фридман, и тој предупредува дека ваквата карактеристика на светската политика, како и меѓудржавните воени акции, можат повторно да станат актуелни. Фридман истакнува дека и претходно во историјата имало периоди кога аналитичарите погрешни сметале дека државите повеќе нема меѓусебно да војуваат. Експертот истакнува дека во секој век има „системска војна“ при која целиот систем се разнишува. Според анализата на Фридман, во секој меѓународен систем има „судбински недостатоци“. И во сегашниот систем, според него, има уништувачки фактор.

„Кога земји како Германија, Кина, Русија опаѓаат, и на нивните места доаѓаат други, тогап почнуваат системските војни. Тогаш станува опасно, бидејќи овие земји сѐ уште не постигнале рамнотежа… Така што сега гледаме системски промени. Спремајте се за војни“, вели Фридман.

www.mkd.mk