Страв, завист, агресија и алчност- емoтивни пречки кај претприемачот

0
1012

Стравот, зависта, агресијата и алчноста се четирите елементи кои што се испречуваат на патот до успехот пред секој претприемач.Околу 90 учесници од цела Македонија викендов се обучуваа во Битола за тоа како да ги препознаат негативните емоции кои се испречуваат пред успехот на претприемачот, кои се алатките за нивно менаџирање и како да ги применат во секојдневното работење. Преку предавања, прашања и одговори, вежби за практична примена на алатките присутните од прва рака можеа да слушнат како да ги надминат психолошките пречки за нивни успех во претприемништвото од светскиот експерт Сем Вакнин

Претприемачите не само во Македонија туку насекаде во светот се соочуваат со многу моќни емоции, со емоции на несигурност, со страв и мора да научат да ги контролираат доколку сакаат да имаат успех во нивниот бизнис“, изјави Сем Вакнин експерт

Обуката се реализираше два дена а организатор е ЦЕФЕ Македонија

Обука се заснова на емоционалната интелиганција во претприемништвото, поконкретно, негативните емоции како пречка за успехот на претприемачите. Ова е една од темите која е најретко застапена и најоскудно дисеминирана во рамките на неформалното образование (семинари, обуки, работилници). Повеќето формални и неформални едукации ставаат акцент на вештините и компетенциите за водењето на бизнис, но многу мал процент се посветува на основата на тие бизниси – претприемачот и неговата психолошка подготвеност за успех (или неуспех)“, изјави Јован Сталевски претседател на ЦЕФЕ Македонија

Емоционална интелигенција е способност да ги контролирате и употребувате вашите емоции во конструктивни и продуктивни цели, вели Вакнин. Го запрашавме какви претприемачи се македонците?

Генерално во Македонија има добри претприемачи но сето тоа е неискористен потенцијал, бидејќи во времето во кое што живееме, луѓето живеат во пресирачко општество било да е политички, социјално и економски. И со ваквите обуки мислиме дека ќе го извадиме „џинот од шишето“, изјави Сем Вакнин, експерт

Сите учесници на обуката добија 40 електронски книги од творештвото на Сем Вакнин кои што ќе можат да ги користат во нивниот личен и проефесионален развој. Организаторите со најава за уште вакви или слични обуки во иднина.