STREET BASKET во комплексот Император

0
229

На крајот од Битолскиот парк, се наоѓа ресторанот Император.
За постарите битолчани првата асоцијација е Олимпискиот базен.
Од неодамна оваа локација добива друга димензија.
Спортско рекреативен центар Император.
Во овој комплекс, освен угостителскиот дел и летната дискотека, сега има и два спортски терени, направени по највисоки стандарди.
Кошаркарско игралиште и терен за мал фудбал на вештачка трева, направен по ФИФА стандарди.
Ако премисата во здраво тело здрав дух ни е важна, тогаш нема оправдувања зошто да не се практикуваат тимските спортови.
Љубители на кошарката, собрани екипи од битолските кафулиња и ресторани, кои своите слободни часови умеат добро да ги организираат, да спортуваат, да се дружат и да покажат дека ја почитуваат конкуренцијата во својата бранша, присуствуваа на самото отварање.

Imperator_-_3.jpg

Имаше и две екипи кои ги одмеруваа силите на фудбалскиот терен.
Базенот се подготвува спремен да ја дочека новата сезона.

За сите љубители на природата и спортот ова е вистинскои место за забава, спортување и дружење.
Свеченото отворање за сите љубители на уличниот баскет, беше проследено со коктел и добра музика со диџеи и натпревари помеѓу екипите на Позитив, Хаус оф Манаки и Барфлај.
На 14-ти и 15-ти мај, игралиштето ќе биде отворено за секој и нема да се наплаќа .

Неда Маретиќ