Street Workout презентација во Битола

0
443

 

Street Workout, претставува тренинг со сопствена тежина кој се изведува на отворено, со користење на расположлива инфраструктура во парковите, стадионите, детски игралишта, градилишта .Се работи за релативно нов начин на вежбање креиран во Америка, чија главна карактеристика е дека не постојат граници односно со секоја вежба може да се импровизира.

Во Битола се одржа презентација на Street Workout во градскиот парк.

Уште од старите времиња вежбите од уличниот тренинг биле користени и тоа од спортисти, спортски клубови и во воени организации за да изградат психичка сила. Вежбите од уличниот тренинг се дел од едукацијата во основните и средните училишта во најголемиот дел од светот.

Во последните неколку години, движењето на уличниот тренинг стана многу популарно и значително се прошири благодарение на интернетот, социјалните мрежи и трудот на Street Workout федерацијата.