Стрезовски за локалните избори

0
182

-Почна изборната кампања во која што имав чест од својата партија ВМРО-ДПМНЕ повторно да бидам кандидат за градоначалник на Ресен. Сметам дека оваа кампања и изборите ќе поминат во фер и демократска атмосфера, атмосфера која наликува на македонскиот народ. Она што во изминатите години колку што ја обавувам функцијата градоначалник, е направено доста, тоа е и констатацијата на повеќето граѓани на општината. Можеме да се пофалиме со тоа што се реализирани над 180 проекти, од кои голем дел се капитални проекти, и за прв пат во овие 4 години во Преспа се инвестираа и над 40 милиони евра во капитални инвестиции, и сетоа тоа е во функција на граѓаните за подобрување на квалитетот на нивното живеење, и сето тоа ќе биде виза за победа на овие претстојни локални избори, изјави Ѓоко Стрезовски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Ресен.

Без коментари