Строс Кан ослободен од обвинувањата

0
196

Поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) Доминик Строс Кан во петок е ослободен на судот во Франција по обвинувањата за подведување, со што заврши четиригодишната судска драма која започна со обвинувања за сексуален напад во соба во еден хотел во Њујорк, јави AP.

Строс Кан беше обвинет за учество во забави на кои биле ангажирани проститутки, но тој на судот тврдеше дека не знаел оти се проститутки.

Судот во Лил заклучи дека Строс Кан, кој своевремено важеше за можен кандидат за претседател на Франција, не бил вмешан во најмување и плаќање на жените што учествувале во спорните забави.

По ослободителната пресуда, Строс Кан, кој во судницата беше со својата девојка и возрасната ќерка, рече дека тоа судење било трошење време.

Строс Касн во 2010 година беше обвинет за сексуален напад врз една собарка во еден хотел во Њујорк, но тој случај беше решен вонсудски