Струен удар причина за угинување на 7 крави

0
3282

48 годишниот Тони Белокозовски од с.Црнобуки кој е фармер долги години вели дека вакво нешто досега не видел. Во рок од неколку секунди сите 7 крави му угинале.Како и секое утро така и днеска во 7 часот ги измолзил , ја зел вилата во раце за да го исфрли гнојот од фармата и наеднаш една од кравите се нашла на земи падната. Веднаш потоа уште една, па уште една , и ги видел сите 7 крави угинати. Вели како во неговата фарма да се случила некоја елементарна непогода.

kravi 1

Неговиот татко кој има 80 години со солзи во очите раскажува за случката. Вели цела среќа што неговиот син е здрав и жив.

Откако ги видел сите 7 крави угинати, веднаш се јавил во ЕВН Македонија и го повикал ветеринарниот лекар. ЕВН направиле записник, од каде што констатирале дека нивната инсталација била во ред, а неисправна или пак застерена била инсталацијата на Белокозовски во самата фарма. Струен удар бил причина за угинувањето на 7 те крави

kravi 5

На 7 членото семејтсво Белокозовски кравите им беа единствената егзистенција. Никој од нив не е вработен. Велат дека претрпеле голема финансиска загуба, според нив околу 10 илјади евра. Упатуваат апел до граѓаните и институциите да им помогнат со финансиски средства за да можат да си ја обноват фармата со нови грла .

kravi 7

Сега за сега семејството Белокозовски својата егзистенција ја гледаат само во едната крава која што за среќа останала жива и 5-те телиња.