Струјата поевтини за симболични 0,25 проценти

0
232

Струјата поевтини симболично. Од денеска цената на еден киловат-час е пониска за 0,25 проценти, пресече вчера Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена ќе важи една година, односно до 1 јули 2017.

Така, на пример, ако досега за потрошени 400 киловат-часови струја едно домаќинство плаќало сметка за струја од 1.780 денари, отсега ќе се плаќаат 8 денари помалку. Освен за домаќинствата, новата цена на електричната енергија ќе важи и за 158 квалификувани потрошувачи кои од 1 јули ќе излезат на слободниот пазар, меѓу кои има фирми, јавни институции, амбасади…

Како што соопшти на вчерашната прес-конференција, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Димитар Петров, причина за поевтинувањето на електричната енергија се намалените трошоци во работењето што ги пријавиле енергетските компании, ЕЛЕМ, МЕПСО и ЕВН.