Струјата поевтинува за 0,3 проценти

0
186

Од утре струјата поефтинува за 0,33 %, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Помалите трошоци на енергетските компании се клучната причина за ваквата одлука образложи регулаторот Димитар Петров, кој ги негираше информациите дека намалувањето на цената е политичка одлука.

– Незнам за кој дел од оваа математика ви изгледа за политички момент. Ако ви кажувам дека има утврдена трошковна категорија за вкупните приходи, ако ги гледаме сите бруто биланси, а компаниите имаат право да поднесат жалба ако се назадоволни, изјави Димитар Петров, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Сите енергетски компании прикажале зголемени трошоци…но, регулаторот одобри. Австриски ЕВН и државната МЕПСО, добија намалување на цената на услугата. Единствено државните електрани добија повисока цена за 0,34%.
На ваквата одлука на регулаторите реагираа од ЕВН Македонија. Велат новата цена не ги одразува реалните трошоци.