Студен четврток, снег на планините

0
422

Четврток ќе биде релативно студен ден во последната декада од март. Врнежи низ целата земја ќе има во текот на утрото, но претпладне врнежите полека ќе слабеат во источниот крај. Може да има појава на слаб дожд само во планинскиот крај на истокот.

На запад, врнежи ќе има во текот на целиот ден, но попладне тие ќе бидат послаби. На планините на висина над 1200 метри врнежите ќе преминуваат во снежни.

Долж повардарието ќе дува умерен северозападен ветер.

Минималната температура насекаде ќе биде позитивна и во границите помеѓу 1°С и 5°С.

Максималната температура ќе биде пониска во однос на среда. Таа ќе има вредност во границите од 9°С до 12°С во котлините од источниот и повардарскиот регион, а во котлините низ западот околу 7°С.

www.meteopro.mk