Студено со локални врнежи од дожд и повремен снег на планините

0
435

Во текот на ноќта времето ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а на планините ќе има повремен слаб снег.Ќе дува умерен до засилен северен и северозападен ветер.

Утре претпладне променливо облачно, во источните делови со слаб локален дожд. Попладне постепено облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието и на исток. Т-мин. од 3 до 8, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 18 степени.

Без коментари