Студeно време со врнежи од снег

0
547

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со засилен северен ветер и со повремени врнежи од снег со умерен интензитет, особено во источните делови. Помала снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините ќе се зголеми.

Дневните температури ќе бидат во Скопје и Кавадарци 1, Маврово -5, Битола -2, Охрид -1, Берово и Крива Паланка -2, Дојран 3 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде сончево и студено со умерен северен ветер  и максимални температури од -3 до 4 степени. Во четврток ќе има пораст на дневните температури – од 1 до 7 степени, а во петок од 3 до 10 степени.

Синоќа поради интензивните врнежи од снег неколку часа беше забранет сообраќајот за тешки товарни возила на планинскиот превој Стража и на патниот правец Гостивар-Кичево.

Сообраќајот се одвива нормално во зимски услови.