Студено за новогодишната ноќ

0
1131

Следува период на многу студено време со дневни температури кои ќе бидат пониски за 2 до 4 степени во просечните за овој период од годината. Во четврток, петок и сабота ќе биде претежно сончево и студено, особено во текот на ноќта и во утринските часови. Утринските температури ќе се движат од -13 до 4 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до -3 односно до 8 степени. Во недела умерено облачно и услови за врнежи од дожд и снег во попладневните и вечерните часови. Дневните температури од -1 до 8 степени.