Студенти го окупираа Правниот факултет

0
400

Студенти од повеќе младински организации во моментов го окупираат Правниот факултет при УКИМ, по одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да помилува 56 лица. Тие бараат Иванов да си поднесе оставка и повикуваат на мобилизација на сите студенти и професори. Тие влегуваат на предавања во амфи театрите и со разглас скандираат „Дојди и приклучи се“. Во вчерашните протести против одлуката на Иванов, приведени се 12 демонстранти, а меѓу нив има членови на Студентскиот Пленум.