Студентите треба да размислуваат поактивно

0
336

Што сакаш да станеш кога ќе поранеш? Често поставувано прашање додека сме биле мали. Но одлуката за изборот на работно место, немора да значи дека треба да се донесе во средношколските денови. Во светот добрите универзитети имаат кариерни центри кои го насочуваат студентот каде понатаму? Кај нас повеќето се надеваат на работа во државна администрација, но зошто да чекаме некој да не вработи кога треба сами да преземеме иницијатива. Е токму таква можност имаа студентите од Правниот факултет во Битола, каде им беа понудени 80 нови слободни работни места, а можеа да остварат контакт и со сопствениците на 8 стартап компании од државата. За прв пат во Битола се одржа Саем за кариера, кој што обезбедува простор за младите индивидуалци да ја пронајдат својата работна позиција за која сонуваат.

02-12-still002

Но освен што тргнаа во лов по работа студентите, во лов тргнаа и сопствениците на стартап компаниите. Секоја компанија имаше штандовска презентација, со информации за самата компанија, а одржаа презентации за успешните иновативни бизниси кои ги имале, со цел посетителите подобро да се запознаат со компанијата .

Статистиката вели дека дури 50% од младите на возраст од 15 до 29 години во Македонија се невработени, што претставува една од највисоките стапки во Европа.

 

02-12-still001
Настанот се одржа во рамките на регионалната платформа YOUSEE за социјални иновации за намалување на младинската невработеност во соработка со Инфо клубот Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY