Студентите во Тексас може да носат оружје во уличниците

0
383

Поддржувачите на контроверзната мерка велат дека со тоа ќе се спречат масовните напади, додека критичарите велат дека ќе се загрози безбедноста на студентските кампуси

На одредени лица, кои имаат дозвола за поседување и носење на оружје ќе им биде дозволено да носат оружје во тексашките универзитети, откако во понеделникот во сила стапи новиот закон.

Законот за „Носење на кампус“ беше предложен од републиканското мнозинство и гувернерот на Тексас, Грег Абот. Со него Тексас постана дел од малата група на сојузни држави во кои на студентите им е дозволено да носат оружје на кампусите.

Законот влезе во сила на педесеттата годишнина од пукањето на Универзитет на Тексас во Остин, кога снајперистот Чарлс Витман – студент по инженерство и поранешен маринец, зазеде позиција од саат кулата, и уби 17 лица. Инцидентот беше прво масовно пукање во американските училишта.

Клер Вилсон Џејмс била првата која била застрелана од Витман, сега таа го поддржува законот. Тогаш таа била бремена и го загубила плодот.

Со новиот закон се дозволува оние кои имаат посебна дозвола и се постари од 21 година да носат оружје во јавните четиригодишни универзитети во сојузната држава.

Две годишните колеџи имаат рок до август 2017-та да го спроведат законот.

Секоја институција може да определи т.н. „чувствителни“ зони каде оружјето е забрането.

Според новиот закон, приватните образовни институции се`уште можат да забранат носење оружје.

Рестрикциите ќе постојат

Професорите ќе можат да ги прогласат нивните канцеларии како „зони без оружје“ со тоа што ќе постават соодветни знаци за тоа.

Во студентските домови, студентите ќе можат да го носат своето оружјето во заедничките простории, но не и во приватните соби.

Заштита наспроти безбедност

Противниците на законот велат дека мерката ќе води до поголем број на самоубиства на кампусите.

Застапниците за носењето оружје велат дека законот е важен дел од заштитата, клучен елемент за самоодбрана во случај на вооружено насилство.

http://mk.voanews.com/