Студентка се породила на екскурзија и бебето го фрлила во корпа за отпадоци

0
1414

Студентка од Скопје се породила на апсолвентска екскурзија на граничниот премин „Табановце“ и бебето го фрлила во корпата за отпадоци.
Според информациите на МВР, дваесет и тригодишната скопјанка била бремена седми или осми месец и не постојат податоци дека претходно нејзината бременост била лекарски контролирана. И покрај сето ова таа тргнала на апсолвентска екскурзија.

На 29 март околу 11.30 часот на граничниот премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола, девојката почувствувала силни болки во пределот на стомакот и  отишла во тоалетот на граничниот премин.

Во тоалетот се породила, а бебето го ставила во корпата за отпадоци. Потоа се вратила во автобусот и продолжила со патувањето. Откако персоналот на граничниот премин го открил телото на новороденчето, случајот бил пријавен во СВР Кумановo и по интензивна истрага било исконтактирано со организаторите на екскурзијата.

Следниот ден девојката била однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и е укажана лекарска помош. Таа била приведена по завршувањето на екскурзијата, на 18 април на граничен премин и е однесена на дополнителни медицински вештачења.

Меѓу другото, според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови.

Против девојката е поднесена кривична пријава за убиство на дете при породување./крај/мф