Студентски референдум за поголема контрола врз парите

0
237

Студентскиот пленум предлага Студентскиот парламент на УКИМ да стане тело во рамки на Универзитетот, а со тоа да се зголеми контролата на парите кои оваа невладина организација ги троши, како и да има увид во начинот на кои се вршат студентските избори.

Студенту, дали Студентскиот парламент треба да остане невладина организација како што е во моментот, е прашањето кое ќе биде поставено на денешниот неформален референдум на УКИМ, организиран од Студентскиот пленум.

Студентскиот парламент при УКИМ да стане тело во рамки на Универзитетот, а со тоа да се зголеми контролата на парите кои оваа невладина организација ги троши, како и да има увид во начинот на кои се вршат студентските избори, е моделот за кој Студентски пленум се залага. Ѓорги Рајчиноски од Студентскиот пленум е убеден дека референдумот ќе се одвива во фер и демократска атмосфера.