Студот ја окова Полска, седум замрзнати во изминатото деноноќие

0
348

Седум луѓе почина во изминатите 24 часа во Полска од последици на смрзнување, најмногу на југот на земјата, јави во недела полската приватна телевизијаТВН24.
Последните 10 дена температурите околу 20 степени под нулата не ги преживеаја 22 лица, не само бездомници и алкохолизирани луѓе, туку и постари кои излегле на отворено на прошетка.

Во сабота замрзна седум Полјаци, од почетокот на јануари вкупно 75, а од почетокот на ноември мразот не го издржале 90 луѓе, соопшти центарот за безбедност при полската влада.

Црниот рекорд ова зима и натаму го држи 3 јануари, кога надвор беа најдени 12 безживотни тела.

Полските власти ги повикува Полјаците да не поминуваат рамнодушно покрај бездомниците или луѓето што престојуваат во незагреани простории, туку да ја алармираат полицијата, која загрозените и сама ги бара во специјални патроли.

Центарот за безбедност соопшти во недела дека само вчера полицијата успеала да спаси неколку десетици луѓе на кои им се заканувало замрзнување благодарејќи на телефонските повици на минувачите. /крај/он/ст