Субрата Рој излезе од затвор – ќелав и без мустаќи

0
1959

Ќелав, без препознатливите мустаќи, облечен во традиционална индиска облека наместо во палтата без ракави кои беа негов заштитен знак. Контроверзниот бизнисмен, Субрата Рој, повторно е во центарот на вниманието на индиските медиуми откако по повеќе од две години минати зад решетки, излезе од затворот Тихар.

Врховниот суд привремено го ослободи за да присуствува на погребот на неговата мајка. Првичната четиринеделна условна слобода е продолжена до 11 јули, до кога Рој треба да обезбеди кауција во висина од околу 30 милиони американски долари.