Субвенција против загадувањето, но во Скопје

0
435

На 15 октомври официјално започнува грејната сезона, па она што не засега сите е на што ќе се грееме и што ни е најисплатливо.

Домаќински е да се запишат дрва уште на почетокот на годината, а практиката вели дека стигнуваат кон средината на есента.

Во последните години греењето се врзува и со воздухот. Кога е грејна сезона тогаш и сме имале најголемо загадување. Така велат надлежните повикувајки се на мерните инструменти.

А кои мерки се предложија и што се исполни од тоа сме зборувале многу пати.

Денеска за една иницијатива која доаѓа исто така од град каде имаат проблем со загадувањето на воздухот, исто како и ние овде во Битола, но примерот не е битолски туку скопски.

drveni-pelet

Градските власти во Скопје ќе дадат најмногу до 500 евра на секое домаќинство кое ќе се реши да купи печка на пелети, но притоа да нема приклучок на градското парно.

Оваа одлука е една од мерките на Град Скопје за заштита на воздухот од прекумерно загадување. Заинтересираните домаќинства ќе можат да се пријават на јавниот оглас кој градските власти ќе го распишат откако одлуката и официјално ќе биде одобрена од Советот на Град Скопје. Се очекува вчетврток таа да добие зелено светло.

За спроведување на оваа мерка, од буџетот на Град Скопје ќе бидат издвоени околу 96.000 евра, односно, субвенции ќе има за нешто помалку од 200 домаќинства, ако се има во предвид дека ќе се субвенционира износ од 70 отсто на вредноста на печката, но не повеќе од 500 евра.

Во предложената одлука на Градот е напоменато дека субвенциите ќе важат исклучиво за граѓаните со место на живеење е на подрачјето на Скопје. Целата постапка, утврдување на веродостојноста на набавката, исплатата на субвенциите и слично, ќе биде спроведена од страна на специјална комисија.

Рокот за објавување на јавниот повик е веднаш по стапување во сила на Програмата за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на Град Скопје за купување печки на пелети за 2016 година, а ќе трае до 30 ноември. Субвенциите за печките на пелети, како што велат од Градот, е само една од мерки за заштита на амбиенталниот воздух.

Денеска од град Скопје рекоа дека не се во можност да ни дадат изјава заради како што велат фактор можните измени и дополнувања од утрешната комисиска седница на град Скопје