Судбината на киднапираниот Салопек сѐ уште непозната

0
376

Рокот од 48 часа кој го дадоа терористите во петокот истекува денес.

И покрај тоа што Египет вчера започна рација во повеќе места каде се претпоставува дека би можеле да го најдат киднапираниот Томислав Салопек, утрово нема нови информации за успешноста на акцијата, јавува Индекс.

Безбедносните сили вчера пребарал повеќе терористички скривници во градовите Шеик Зуваид, Рафа и Ариш во обид да дојдат до повеќе информации за Салопек.

За потсетување во петокот терористите го продолжија рокот и на египетските власти им дадоа 48 часа да ги ослободат заробените жени во замена за животот на Салопек. Сестрата на една од заробените тогаш апшелираше до терористите дека нејзината сестра несака да биде слободна доколку за тоа биде убиен невин човек.