Судење на Савески и Куновски

0
419

Во Кривичниот суд  денеска треба да почне судењето на Здравко Савески и Владимир Куновски од партијата Левица за учество на демонстрациите против аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов.

Организаторот на Шарената револуција најави протестна прес-конференција со барање за ослободување на Савески и Куновски.

„Бараме слобода за демонстрантите. Бараме слобода за оние кои се борат за правда, додека криминалците се шетаат и извршуваат јавни функции“, стои во најавата.

Кривичниот суд во петокот им го продолжи куќниот притвор за нови 30 дена, а судењето беше одложувано три пати поради некомплетна документација.