Судењето ќе почне кога власта ќе престане да ја опструира Јанева

0
195

Лидерот на СДСМ и четвртообвинет во случајот „Пуч“, Зоран Заев, по четврти пат не се појави на судењето, па судијката го презакажа судскиот процес за на 13-ти идниот месец.

Судијката Љубинка Башевска констатираше дека и покрај тоа што од страна на судот е испратена уредна покана, нема докази дали обвинетиот ја примил.

Адвокатот на Заев, Филип Медарски рече дека не знае дали Заев ја примил поканата но знаел за рочиштето. „Спречен е да дојде бидејќи има состанок со Меѓународниот инвестициски фонд за развој“ рече Медарски и достави доказ до судот за средбата.

Одбраната на Заев вели дека судењето ќе почне тогаш „кога власта ќе престане да ја опструира работата на специјалната јавна обвинителка“, Катица Јанева.

„Сé зависи од власта, ако продолжат да го опструираат специјалниот обвинител не ќе може да го комплетира тимот, предметот сé уште не му е предаден на специјалниот обвинител“ изјави неговиот адвокат, Ангеле Илиевски, и вели дека на судењето нема овластен тужител, според новиот Закон за специјално обвинителство.

Во предметот „Пуч“ обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња и двајца вработени во општина Струмица, а се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.

Овој предмет се очекува да биде во рацете на Јанева, бидејќи е поврзан со политичката криза и прислушуваните материјали./крај/мф/ффс