Судењето за „Дива населба“ продолжува зад затворени врати

0
295

За денес закажаното продолжение на судскиот процес за мајските случувања во кумановската „Дива населба“ ќе се одвива зад затворени врати. Одлуката на Судечкиот совет на Основниот суд Скопје 1 да ја исклучи јавноста доаѓа по најавата дека на судењето, во својство на сведоци, треба да бидат распрашани повеќе лица кои имаат статус на заштитени сведоци.

Од кривичниот суд не кажуваат кој се’ има статус на заштитен сведок и колку рочишта ќе трае распитот на овие лица. Од кривичниот суд велат дека на „судењето ќе бидат сослушани сите сведоци кои од Јавното обвинителство се предложени како заштитени сведоци и за чие сослушување, според одредбите од ЗКП, главната расправа е затворена за јавност, за што претседателот на советот кој постапува во конкретниот предмет носи процесно решение“.