Судењето за насилството во Собранието одложено

0
346

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше одложено првото рочиште за деветтемина обвинети за насилствата во македонското Собрание што се случија на 27 април. Судењето е одложено за 23 мај поради неприсуство на еден од обвинетите кој требаше да биде донесен од домашен притвор.

Во поддршка на обвинетите пред судот беа собрани припадници на здружението „Тврдокорни“.

Без коментари