Судиите исклучија можност за бегство со лична карта за Јанкуловска и Јанакиески

0
554

И ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и поренешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, двајцата обвинети во случајот “Титаник” се појавија на јавните седници и дадоа ветување дека нема да бегаат и ќе бидат достапни за судот. Апелациските судии при одлучувањето дали да им биде определена мерка притвор или не, го зеле во предид и нивното појавување на седницата, како и да дениот збор дека нема да побегнат, стои во решението објавено на официјалната веб страница на Апелацискиот суд. И за Јанакиески и Јанкуловска второстепениот суд вели дека не можат да побегнат со лична карта, бидејќи податоците дека за нив има мерки на претпазливост се внесуваат во компјутерскиот систем на МВР.

За двајцата обвинети второстепениот суд го одби барањето на СЈО за определување на мерка притвор и одлучи да им бидат одземени патните исправи и дипломатскиот пасош и ги задолжи секој работен петок да се јавуваат на шалтер број 5 во Кривичниот суд во Скопје најдоцна до 12 часот.

Во решението на Апелацискиот суд во одлуката за Јанакиески се вели дека судот ги ценел околностите дека обвинетиот е со познат идентитет и познато место на живеење, како и тоа дека има воспоставено семејни и егзистенцијални релации со неговото место на живеење и дека е татко на три деца. Ценејќи ги овие околности, второстепениот суд смета дека Кривичниот совет правилно постапил кога донел одлука да не му определи мерка притвор на обвинетиот, туку да му бидат определени мерки на претпазливост.

И за обвинетата Јанкуловска второстепениот суд смета дека околностите дека е со познат идентитет, со познато место на живеење и во редовен работен однос, има воспоставено семејни и сгзистенцијални релации со нејзиното место на живеење, има оформено потесно семејство, има недвижен имот, и таа и нејзиниот сопруг се во редовен работен однос се доволни за на обвинетата и бидат определени поблаги мерки, место притвор. Со одлуката за одземена патна исправа и задолжението за редовно јавување во судот, смета второстепениот суд ќе се елиминира опасноста од бегство.

За влијанието врз сведоци од страна на обвинетите Јанакиески и Јанкуловска, судот смета дека, исто како во решението на Никола Груевски, СЈО требало да истакне кон кретни околности кои го потврдуваат постоењето на оваа опасност, а не обвинителите на се потпираат, како што стои во речението, на апстракна можност за влијание. Бидејќи СЈО не навело конкретни околност, овој предлог апелациските судии го одбиле како неоснован.

На крајот од решенијата, второстепениот суд наведува дека и двајцата обвинети се јавиле на јавните седници и дале ветување дека нема да побегнат и ќе бидат достапни за судот.

Без коментари