Судир на два мали авиона на Алјаска, нема преживеани

0
239

Два мали авиони се судрија во воздух во западна Алјаска и при тоа загинаа пет лица во двете летала, соопштија претставниците од надлежните органи.

До местото на несреќата, која се случила во ненаселена област, околу 600 километри западно од Енкориџ, може да се стигне само со хеликоптер, пренесува Танјуг. Претставниците потврдија дека во судирот нема преживеани.