Судир на Ерменија и Азербејџан во енклавата Нагорно Карабах

0
311
Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека во моментов водат тешки борби со азербејџанската војска во Нагорни Карабах, енклава во Азербејџан, што се наоѓа под контрола на ерменската војска.
Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана,  изјави дека борбите се водат долж целата линија на контрола, која го дели Нагорни Карабах од Азербејџан. Според него, во борбите има жртви од двете страни, а поборен е и еден ерменски хеликоптер. Азербејџанските власти се уште не излегоа со свој коментар.
Тенкови, тешка артилерија и хеликоптери се вклучени во борбите кои се водат во Нагорно Карабах јавуваат светските новински агенции. Ерменската војска ја обвинува азербјеџанската војска дека старувала силна офанзива употребувајќи тешка артилерија.