Судир на митинг на Трамп

0
443

Полицајци и демонстранти се судрија за време на митинг Сан Диего, Калифорнија, организиран од Доналд Трамп, соопштија светските агенции. Три лица беа уапсени, а 18 побараа лекарска помош по судирите.

Судирите започнаа откако Трамп, кој најверојатно ќе биде изборот на Републиканската партија за кандидат за претседател на есен, одржа говор пред симпатизерите во Сан Диего.

Во исто време пред зградата во која зборуваше Трамп, се собраа луѓе на протест против него.