Судири меѓу полицијата и мигрантите пред планираното затворање на „Џунгла“

0
335

Група од околу 50 мигранти фрлаше камења на француските полицајци, а тие одговорија со чадни бомби и пендреци.

Француските власти соопштија дека не сакаат да употребат сила, но предупредија дека можеби ќе мораат да интервенираат доколку некои мигранти одбијат да го напуштат кампот.

на мигрантите во кампот им беа поделени летоци со известување дека мораат да го напуштат кампот пред утре да дојдат булдужери. Според летоците, мигрантите од утрово, треба да преминат во блискиот хангар, од каде со автобуси ќе бидат превезени во други делови на Франција, од каде ќе им биде овозможено да побараат азил.

Во меѓувреме, првата мигрантска група деца без придружба, кои немаат никакви семејни врски во Велика Британија, стасаа во таа земја од кампот во Кале, откако првиот бран од 39 момчиња, кои имаат роднини во Велика Британија, стасаа таму минатиот понеделник.

Официјално, во кампот во Кале има околу 7.000 мигранти, додека хуманитарните групи тврдат дека има речиси 10.000.