Судири во Дрезден на првата годишнина од формирањето на ПЕГИДА

0
213

Во германскиот град Дрезден синоќа избија судири откако илјадници приврзаници и противници на движењето ПЕГИДА, кое го изразува незадоволството од приливот на бегалци во Германија, застанаа едни против други по повод првата годишнина од формирањето на движењето, пренесоа светските агенции.

Поддржувачите на ПЕГИДА фрлаа петарди врз полицијата. Притоа беше соопштено дека во судирот е повреден еден приврзаник на движењето.

До судир дојде кога органите на редот се обидоа да ги разделат учесниците на митингот на ПЕГИДА од контрадемонстрантите.

Без коментари

LEAVE A REPLY