Судири во Феникс, САД

0
231

Полицијата на американскиот град Феникс во државата Аризона ноќеска употребила солзавец за растурање на протест за човековите права, пренесе телевизија ABC.

Репортер на телевизијата објавил слики во кои се покажува како полицијата употребила солзавец. Насобраните протестирале мирно, ги кренале рацете и извикувајќи „погоре рацете, не пукајте“. Директорот на локалната полиција Џо Џанар изјави дека протестите се „успешни“ во тоа дека пораката на демонстрантите била слушната, но и дека е време толпата да биде растурена.

Протестот се одвива во позадина на предизвиканата полемика случаи на убиства на афроамериканците од страна на полицајци.