Судири во Истанбул

0
381

Турската полиција испука солзавец за да ги растера демонстрантите кои синоќа се собраа да ја одбележат двегодишнината од смртта на тинејџерот, која ја мобилизираше опозицијата против претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Полицијата и демонстрантите се судрија во Истанбул, во квартот Окмејдани.

Демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели, а полицијата возврати со солзавец.