Судири во Штутгард пред почетокот на конвенцијата на Алтернатива за Германија

0
423
Стотина левичарски демонстранти денеска се обидоа да ги спречат луѓето да влезат на конференцијата на ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) во Штутгард, а полицијата употреби бибер-спреј да ги растера демонстрантите. Полицијата уапси 400 демонстранти.
И покрај протестите, конференцијата на АфД почна на време, а 1.000 полицајци ги опколиле неколку стотината демонстранти пред изложбениот центар, каде АфД има партиска конвенција.
Се очекува АфД. која бара забрана за носење бурка и изградба на минариња во Германија, на денешната конвенција да се прогласи за отворено антиисламска партија.

Без коментари

LEAVE A REPLY