Судот ги отфрли „бомбите“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и Тортура“

0
228

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителен акт на Јавното Обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), КОК-ООА бр.23/17 од обвинителството означен како „Тендери“, постапувајќи по барање за издвојување од списите на предметот незаконски прибавен доказ дадено во приговорот против актот, а по службена должност, донесе решение со кое Се издвојуваат од списите на предметот доказите од листата на обвинението НСК – КО бр. 10/16, и тоа телефонски разговори како доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Р.Македонија

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителен акт на СЈО, КОК – ООА бр. 22/17 од обвинителството означен како „Топлик“, постапувајќи по предлог на одбраната за издвојување од списите на предметот незаконски приобавени докази, како и по службена должност, донесе решение со кое Се издвојуваат од списите на предметот доказите од листата на обвинението НСК – КО бр. 9/16, и тоа телефонски разговори како доказ прибавен на незаконит начин.

Судијата за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапува во оценка на обвинителен акт на СЈО,  КООА бр. 53/17 од обвинителството означен како „Тортура“, постапувајќи по слжбена должност, донесе решение со кое Се издвојуваат од списите на предметот доказите предложени со листата на обвинението НСК – КО 2/16, и тоа аудио снимки од телефонски разговори, како докази прибавени на незаконит начин со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Р. Македонија.

Против овие неправосилни решенија, дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.

Сите решенија донесени од советите за оценка на обвинителен акт и судии поединци за оценка на обвинителен акт, во следните денови ќе бидат анонимизирани и објавени на веб – страната на судот, за целосно запознавање на јавноста со содржината и образложението на донесените решенија.

Без коментари