Судот ги отфрли „ бомбите“ како докази

0
345

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1  донесе одлука дека „бомбите“ на опозицијата не можат да се користат како докази. Ваквата одлука е донесена откако Апелацискиот суд се прогласи за ненадлежен за решавање во врска со снимките и транскриптите од прислушуваните разговори.

Кривичниот совет ги отфрлил жалбите на 21 обвинител и ја потврдил одлуката на судијата на претходна постапка со која прислушуваните материјали се отфрлаат како неосновани.

Со одлуката на Кривичниот совет заврши неколкумесечното „надмудрување“ помеѓу Обвинителството и судот. Пред само неколку дена, на 27 октомври Апелацискиот суд во Скопје донесе решение со кое се огласи за ненадлежен за постапување по жалбите кои беа поднесени откако Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да ги отфрли како неосновани докази прислушуваните материјали што ги објави опозицијата.