Судот го потврди налогот за апсење на јужнокорејската екс-претседателка

0
270

Поранешната јужнокорејска претседателка Перк Гуен-хај е уапсена во петокот откако судот во Сеул го потврди налогот за нејзино апсење по обвиненија за поткуп, злоупотреба на положбата и давање доверливи информации на трето лица, поради што стана првиот демократски избран челник во оваа држава отстранет од должноста поради овие обвинувања.

„Судот оцени дека е неопходно да биде уапсена, бидејќи постојат основани сомневања за обвиненијата, како и загриженост дека доказите може да бидат уништени“, изјавил судот, пренесе јужнокорејската агенција Yonhap.

Според агенцијата, налогот за апсење има важност од 20 дена од моментот на стапување на сила. Се очекува дека јавното обвинителство ќе подигне официјално обвинение против екс-претседателката Парк Гуен-хај пред истекувањето на овој рок.

По објавувањето на судската одлука, Парк била доставен од канцеларијата на главното обвинителство во притворска институција во јужниот дел на Сеул. Таму веќе се наоѓаат клучните личности од овој корупциски скандал, вклучително и нејзината пријателка Чој Сун-сил.

Парк е обвинета дека се здружила со нејзината пријателка Чој, за да прават притисок врз големи компании да донираат во фондациите кои ја поддржувале нејзината политика.

Во истиот суд Пар во четвртокот сведочеше осум часа, па во соседната канцеларија чекаше додека судијата ги проучуваше доказите и аргументите за нејзиното апсење.

Поранешната 65-годишна претседателка во четвртокот пристигна во судот со аргументот дека не смее да биде уапсена или притворена додека обвинителите ги истражуваат наводите за скандалот. Истакна дека не постои опасност од нејзино бегство, како и дека нема да влијае врз доказите. И Парк и претходно Чој ги отфрлија наводите во обвинувањата.

http://makfax.com.mk