Судот ќе одлучи дали на Заев ќе му се суди во случајот „Поткуп“

0
109

Судскиот совет при Основниот суд Скопје 1, на 1-ви јули ќе оценува по обвинителениот акт покренат од страна на Основното јавно обвинителство за организиран киминал и корупција против осомничениот Зоран Заев.

Лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, е обвинет за поткуп.

Судот го прифати барањето на одбраната на Заев за одржување седница на којашто Советот ги цени наводите наведени во приговорите против обвинителниот акт и основаноста на актот во однос на списите и доказите приложени кон него од страна на јавниот обвинител.

Заев се товари дека во 2013 година како градоначалник на Струмица, на бизнисмен од овој град му побарал мито од 200 илјади евра за да се заврши легализација на земјиште.

Заев тврди дека во овој случај немало примопредавање пари и дека пријавувачот никогаш не му дал поткуп. Тој тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го „намести“ и поднесе кривична пријава против бизнисменот./крај/мф/ффс

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.