Судот на професорите од случајот „Еразмус“ им забрани да работат до пресудата

0
337

Основниот суд – Скопје 1, на четворица вработени во Економскиот факултат во Скопје, кои се под истрага за случајот „Еразмус“, во кој се товарат дека примале мито од студенти, им забрани времено да работат на факултетот додека има потреба или до правосилност на пресудата, на барање на Јавното обвинителство.

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка за претпазливост против шест лица опфатени со предметот во јавноста познат како „Еразмус“, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден беа повикани шесте лица заедно со нивните полномошници и јавниот обвинител за да се произнесат во врска предложената мерка“, соопштија од судот.

Обвинителот за две лица го повлече прелогот за определување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините заради кои е поднесен предлогот за преостанатите четири лица, судијата на претходна постапка донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството и на Б.Ш, Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определи мерка за претпазливост, забрана за превземање определние работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата.

На овие решение, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет при овој суд.

Обвинителството смета дека тие со продолжување на обавување на својата дејност можат да влијаат врз жртвите од овој случај, па затоа побара привремено престанување на нивната работа./крај/со/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY