Судот нема да ја чека екстрадицијата на Грујевски

0
372

Поранешниот началник на Петата управа, Горан Грујевски нема да ги чуе завршните зборови на СЈО ниту на својата одбрана во предметот „Тврдина 2“ каде што е првообвинет. И покрај тоа што неговиот адвокат Љупчо Шврговски бараше судењето да биде одложено на неопределено време за да заврши постапката за екстрадиција, судијката Лидија Петровска го одби барањето. Процесот продолжи со доказна постапка, а в понеделник СЈО, адвокатите и шесте службенички од УБК кои се обвинети во предметот ќе дадат завршни зборови.