Судот одлучи да не ѝ го одземе пасошот на Канческа-Милевска

0
264

Кривичниот суд Скопје го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување на мерки за претпазливост за случајот „Тендери“ во кој првоосомничена е министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Иако СЈО бараше на две лица осомничени во овој случај да им се одземат пасошите и да се јавуваат во судот еднаш неделно, по распитот што се одржа во петокот, судија на претходна постапка го одби предлогот како неоснован, а по писменото изготвување решението е испратено до странките.

Против ова решение странките имаат право на жалба до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на решението.

По распитот во Судот, Канческа – Милевска изјави дека се прави политички театар од страна на најголемата опозициска партија СДСМ, кој го изведува спроведува Специјалното јавно обвинителство (СЈО).