Судот одлучува дали ќе и го одземе пасошот на Јанкуловска

0
417

Основниот суд во Скопје денеска треба да одлучи дали ќе и биде одземен пасошот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска откако постои сомневање за нејзина вмешаност во случајот кој неодамна го објави Специјалното јавно обвинителство, со назив „Тврдина“.

Јанкуловска и други осомничени, денеска веќе се јавиле на распит во судот, јави „Фокус“, а распитот е околу времените мерки кои ги предлага Специјалното јавно обвинителство.

Имено, предлозите се однесуваат на одземање на патната исправа за Јанкуловска, до отстранување од работните места за оние кои се уште извршуваат одговорни задачи во Министерството за внатрешни работи.