Судовите не работат, администрацијата штрајкува

0
635

Вработените остануваат на работните места, но освен итните случаи како притворите и времените мерки, поради штрајкот, ќе бидат одложени сите судски рочишта.

„Значи преку штрајкот бараме промена на Законот за судска служба, промена на работното време од 7.30 до 15.30 и неисплатените, а ветени 5% покачување на платата“ рече Драган Младеновски – претседател на синдикат при Основен суд Битола.

По донесените измени во Законот за судска служба, судските службеници преку синдикатот на УПОЗ и Здружението за судска администрација, по неколкуте одржани состаноци,  испратиле забелешки и предлози за измена на законот, презеле и низа други активности, но безуспешно, по што се одлучиле на овој чекор.

Ваквиот штрајк ќе трае до петок, кога од 12 часот планиран протест пред Собрание, а потоа пред министерствата за правда и информатичко општество и администрација, а ќе заврши пред Влада.